Нестандарден збор - категорија

панацеја повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Средство на алхемичарите против сѐ и сешто; лекарство против сите болести.
Англиски: panacea Грчки: πανάκεια
Примери:
Заедно со догмата за странските инвестиции, фиксниот курс како панацеја за болната економија е најголемата заблуда.

пега повеќе

мн. пеги
Вид збор: Именка, женски род
дамка на кожата
Англиски: freckle
Примери:
Кога би имала пеги, вечно по лицето твое би ги собирал.

первертира повеќе

первертираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прави, врши перверзија.
Англиски: pervert
Примери:
Ја первертира вистината.

перек повеќе

мн. переци
Вид збор: Именка, машки род
Солено печиво во украсна форма.
Англиски: pretzel Српски: перец
Примери:
Перек и пиво одат заедно.

питок повеќе

питкиот
Вид збор: Придавка
(за вода) Што е чиста и може да се пие.
Англиски: drinkable
Примери:
Во овој пештерски комплекс се кријат најголемите резерви на питка вода во Македонија.
(за вино) Што е вкусно и пријатно.
Англиски: pleasant
Примери:
Станува збор за вино кое можете да го уживате полека, а останува неверојатно питко.
пријатен
Англиски: pleasant
Примери:
Неговиот роман е толку питок, луциден, да не кажам радосен, што ова не е соодветно.

погребник повеќе

мн. погребници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што учествува на погреб.
Англиски: mourner
Примери:
Кога со тоа не беше задоволен тој се обиде да си поигра уметнички погребник.

порто повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
поштарина
Англиски: postage Албански: tarifë postare

потсеќа повеќе

Види и: потсетува (несв.)
потсеќаат
Вид збор: Глагол, несвршен
потсетува
Англиски: remind
Примери:
Нивното цврчење нѐ потсеќа на нешто што е толку мило и скапоцено.

превагне повеќе

превагнат
Вид збор: Глагол, свршен
Натежне на вагата на една или друга страна.
Англиски: tip over
Примери:
Изјавата превагна кон тоа дека истрагата ќе ја водат други лица.

пренамени повеќе

Види и: намени (св.)
пренаменат
Вид збор: Глагол, свршен
Смени намена за некого или нешто.
Англиски: reassign
Примери:
Ги пренаменија средствата за други цели.

преопредели повеќе

Види и: определи (св.)
преопределат
Вид збор: Глагол, свршен
Определи одново.
Англиски: reassign
Примери:
Ги преопределија задачите.

препороди повеќе

Види и: породи (св.)
(се) препородат
Вид збор: Глагол, свршен
(се препороди) Породи, роди одново.
Англиски: revive
Примери:
Се препородил човекот, не е истиот!

префрлање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
префрлување
Англиски: moving
Примери:
Префрлањето на средствата оди преку банка.

проштение повеќе

Вид збор: Именка, среден род
извинение, простување
Англиски: excuse
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш